ВМРО-ДПМНЕ: На Mакедонија и треба вистински граѓански сектор и десороизација

ВМРО-ДПМНЕ смета дека „СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање на антидржавната агенда“ и како што велат „Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова се само дел од послушниците на Зоран Заев кои тоа го докажуваат“.
- Тие се наследниците на Милчин кој нема никаков проблем да седи во највисоките раководни тела на СДСМ, а себе си да се претставува како неутрален и објективен дел од граѓанскиот сектор. Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во него се додава „ваквите луѓе ги интересираат само нивните банкарски сметки и функциите и оти поради тоа, како што се истакнува, се подготвени да напаѓаат и повредуваат полициски службеници, да палат, демолираат и уништуваат“.
- Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија и треба вистински невладин сектор кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив. На Македонија не и требаат платеници кои заради нечија политичка агенда ќе спроведуваат валкани насилни кампањи. Токму затоа е неопходен процесот на десоросоизација на македонското општество, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
