ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во редот на земјите во Европа со најниска цена на струјата
Во соопштенијата на СДСМ повторно има наизменична струја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за соопштението на опозициската партија за цената на струјата.
СДСМ, како што стои во соопштението, денеска се согласуваат дека се инвестирале повеќе од милијарда евра во минатите 10 години, но партијата нема проблем да менува ставови за 180 степени.
Фактите според ВМРО-ДПМНЕ се дека Македонија е во редот на земјите во Европа со најниска цена на струјата, што го потврдуваат сите релевантни субјекти за статистика во регионот и пошироко.
- Увозот е поголем поради чинителите на слободниот пазар за електрична енергија кои сами си набавуваат струја. Во бројката со која СДСМ манипулира и лаже влегуваат и оние количини струја што големите индустриски капацитети повеќе од осум години самостојно ги набавуваат на слободниот пазар, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не може да прифати и дека граѓаните не им ги купуваат лагите кои ги расфрла секој ден, но волјата на народот не зависи од тоа што СДСМ може или не може да прифати.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар