ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ со тоа што го прифатија предлогот одбраа да бидат против народот - Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ
Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа е ултиматум и диктат после кој на Македонија и преостанува или вечно да преговара или да настане комплетна асимилација
Предлогот во себе предвидува Протоколи, или како што сака Владата да ги каже Годишни извештаи, преку кои ќе се оценува спроведувањето на членот 12 од Договорот со Бугарија од 2017-та година во кои се предвидува промени на учебници за ликови и настани од македонската историја, промени на табли на споменици, музеи и јавни места кои им пречат на Бугарија, санкционирање на секаква критика или поинакво мислење под превезот на говор на омраза и слични други понижувања.
Овој Протокол, но и целиот предлог е пораз на македонската дипломатија, бидејќи предвидува асимилација и национално обезличување на Македонија.
Затоа гневот во јавноста и кај народот е огромен. Затоа гласно НЕ за овој ултиматум кажуваат и експертите и интелектуалците, па дури и дел од функционерите на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува граѓаните кои достоинствено и гласно се противат на оваа капитулација на владата на Ковачевски. СДСМ и Ковачевски се тие што одбраа да бидат против сопствениот народ, само за да зачуваат фотелји на сметка на македонскиот идентитет. Пораката на народот е „Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ“
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
