ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да го отфрли францускиот предлог
Падна бугарската влада, треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија.
Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија.
Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите.
Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија.
Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?
СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот.
Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
