ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави имињата на министрите во техничката влада
ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи седница на Извршниот комитет на која се очекува да ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ќе бидат дел од техничката влада.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да започне околу 20:30 часот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше овластен од Централниот комитет на партијата во консултација со Извршниот комитет и други истакнати членови на партијата, но и со пошироки општествени чинители, да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.
Пратеничката и заменик координаторка на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска синоќа во телевизиска емисија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада, но нема да гласа за премиер
Техничката влада треба да биде избрана сто дена пред парламентарните избори што се договорени за 8 мај односно на 28 јануари. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.
Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе поднесе оставка, а претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер, денеска ќе ги објави датумите за неговата оставка и за изборот на техничката влада. На негово место ќе дојде Јован Митрески од СДСМ.
Ново на Сител
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди