ВМРО-ДПМНЕ: Како меур од сапуница се распрска лагата на СДСМ за фантомските гласачи
Во реакцијата на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека како меур од сапуница се распрскала големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава.
- Денес на сите во Република Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните екс-функционери Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Благој Ханџиски, поранешниот претседател на СДММ Дарко Давитковски, сестрата на најпоразуваниот политичар во Македонија Радмила Шекеринска, невладината балерина на СДСМ Мирјана Најчевска, балансираните новинари Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, Фиат и Сефер Цаноски, сестрата и внукот на Катица Јанева - Лиле и Ѓорге Делиџакови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Со ова, стои во соопштението, потонаа и последните лаги на СДСМ кои започнаа уште пред изборите во 2014-та година кои Заев и СДСМ ги прогласија за нерегуларни во 19:01 со изговор дека „фантомски гласачи“ им ја украле победата.
- Она што го знаеја и малите деца, денес им се обистини и на најголемите поддржувачи на СДСМ: не постојат фантомски гласачи и за поразите на СДСМ е виновен само СДСМ и никој друг. Граѓаните 10 години не му даваат на СДСМ да мрдне од опозиција затоа што освен ваквите бесрамни лаги и деструктивните сценарија, СДСМ нема ништо да им понуди на граѓаните, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека срамот на СДСМ ќе му стои засекогаш, а десеттиот пораз по ред ќе му биде врачен на 5-ти јуни од страна на граѓаните кои СДСМ ги држеше како заложници и ги манипулираше цело време.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи