Свет
17. April 2017 - 8:54

МекМастер: Време е за тешки разговори со Русија

Советникот за национална безбедност на САД, Херберт Рејмонд МекМастер изјави вчера дека е време за тешки разговори со Русија околу нејзиното „субверзивно“ однесување во Европа и поддршката на сирискиот режим.

Говорејќи на телевизијата Еј-Би-Си њуз МекМастер изјави дека руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад ја продолжила граѓанската војна во Сирија и создала криза, која преминала во Ирак околните земји и Европа.

МекМастер истакна дека поддршката на Русија на сирискиот режим е нешто мора да се истражи, како и „субверзивните“ акции на Русија во Европа.

Затоа сметам дека е вистинско време сега да се одржат тешки разговори со Русија, рече МекМастер.