ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна

Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна. Медиуми и новинари добиваат тужби и отворени закани од високи функционери на власта, а јавноста е сведок на најголемиот досега политичко-медиумско-рекетарски октопод. Доколку Заев беше барем малку заинтересиран за интегритетот на медиумите ќе го разрешеше заканувачот Рашковски, заедно со Кики и Фрики кои се посочени како соучесници на еден сопственик на медиум.
СДСМ непотребно креира нервоза во јавноста по однос на прашањето за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.
Во текот на денешниот ден, како резултат на консултации со повеќе асоцијации и здруженија, беше соопштено дека во наредните неколку денови ќе биде закажана седницата на Комисијата за избори и именување, која ќе отпочне постапка за избор на членови на на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Програмскиот совет на МРТ.
Очајничките обиди на СДСМ за дефокус на јавноста се без предметни. Постапката ќе започне, но проблемите на граѓаните остануваат. Криминалот и корупцијата и натаму цветаат, секој ден граѓаните се сведоци на некоја нова афера и скандал, во кои се вмешани луѓе блиски до власта како и високи државни и партиски функционери блиски до власта.
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
