ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат СДС да ги реализира проектите што ги вети
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски наведува дека граѓаните очекуваат СДСМ да ги реализира проектите коишто ги ветила во предизборниот период.
- Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, 100.000 денари за докторите, 500 километри автопат, а не манипулации и безпредметни прес конференции, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ЛЕД мониторите набавени преку СОЗР се купени во транспарентна процедура и на законски начин, а доколку постои било каков сомнеж, државните органи да покренат соодветна постапка.
Во реакцијата се вели и дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, имало средства за набавка на ЛЕД монитори, но и за покачување на платите, пензиите, за отворање на нови работни места и за инфраструктурни проекти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година