ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните немаат никаков бенефит од задолжувањата

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за финансии за повеќе од два месеца ја задолжил државата за стотици милиони евра и оти овие пари се трошат за партиски вработувања.
- Постојано се распишуваат нови аукции за државни хартии од вредност, а граѓаните не гледаат никаков бенефит од се поголемото задолжување, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека министерот Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра, а според податоците на НБРМ, девизните резерви се намалени од 366,3 на 189,3 милиони евра.
- Јавноста гледа дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти, туку се трошат за луксузирањата на СДС и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат. Неспособната влада на СДС ствара само хаос и неизвесност. Едно зборуваат пред избори, а друго прават кога се на власт, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
