ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски на дуел со Мицкоски
Ковачевски година и пол бега од дуел како ѓавол од темјан. Свесен е дека неговата влада доживува дебакли на секој чекор. Но сега е крајно време да ја прифати понудата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и да излезе на тв дуел во време и медиум кој самиот ќе го одлучи, за една единствена тема, Договорот за изградбата на коридорите. Кога веќе се плаши да дебатира за сите порази и неуспеси на неговата влада, кога не сака да говори за пропаднатотот здравство, или за уништената економија, или за катастрофата во образованието, нека излезе барем за темата за која вели дека е историска.
Нека излезе Ковачевски пред јавноста да дебатира и да образложи како и зошто е постигнат таков штетен договор за изградба на коридорите? Зошто Македонија е ставена во подредена позиција да плаќа пенали и стотици милиони евра на непочнати автопати? Да каже зошто бил склучен штетен договор на непостоечки закони кој предизвикува штета на државата и на буџетот кој се полни од македонските даночни обврзници?
Нека излезе на дуел и се нека си каже, па народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот, односно дали се работи за историски проект или историска пљачка.
Ако е се чесно нека не се крие. Ако ова е се траснпарентно, нека излезе на дуел и нека образложи. Доколку избега, тогаш од месечината освен Кинескиот ѕид ќе се гледаат и кукавичлукот и стравот на Ковачевски.
Ако мисли дека со криење ќе избега од одговорност за криминалот, тогаш се лаже. Секој криминалец ќе одговара, а посебно врхушката на оваа пљачкачка банда на власт која го соголи народот до гола кожа. Криеле-некриеле, одговорност и казна не им бега.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
