ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова, ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

Наместо да се занимаваат со бугаризација на Македонија, СДС и Филипче да почнат да се занимаваат со работите дома, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека кога Филипче бил на позиција и можел да одлучува за иднината на државата, го блокирал евроинтегративниот пат.
Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија. Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат. Ова би и дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија.
Филипче исто така е на ист став со Виктор Стојанов од Фондацијата ,,Македонија“, која има за цел во Македонија да шири бугарска пропаганда, говор на омраза кон Македонците и да го негира македонскиот идентитет, СООПШТИЈА ОД ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
