ВМРО-ДПМНЕ: Европол открива атентат врз Вучиќ, од мафијашот Звицер кому Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош
Почитувани,
Нов скандал го тресе МВР на Спасовски. Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ.
ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата "мафија" пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер.
Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема.
Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши. Нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме.
Ова покажува дека покрај срамот за Македонија кој го приредува Спасовски, тој е отворен заштитник на криминалот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација