ВМРО-ДПМНЕ: Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат, народот умира

Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат додека народот умира.
Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата.
Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат.
Наместо да чека донации до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.
Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат.
Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски.
Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од КОВИД-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време.
Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години.
Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од КОВИД-19.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
