Македонија
10. јуни 2026 - 12:14

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање

Опкружувањето, политиката, економијата и глобализацијата директно влијае врз менталното здравје кај младите. Тие носат двојни предизвици – од една страна нудат неограничени дигитални и образовни хоризонти, а од друга страна создаваат притисок, и економска неизвесност. Со брзите промени во начинот на живот и постојаната онлајн поврзаност, младите се соочуваат со притисоци кои бараат повеќе разбирање, превенција и поддршка од сите страни – училиштата, семејствата и заедницата.

Стигмата сè уште постои, но младите покажуваат сè поголема подготвеност да зборуваат за своето ментално здравје.

Обуките кои се релизираат од страна на Црвениот крст имаат за цел да го зајакнат капацитетот на менталното здравје, од септември ќе продолжат и по училиштата.