-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Џабе просечна плата 500 евра, кога трошоците за живот се 1000 евра
-->
После цели пет ипол години власт срамно е што Ковачевски се фали со 500 евра просечна плата, во време кога реалните трошоци за живот се 1000 евра.
Наместо да се фалат со просечната плата, Владата на СДСМ треба да каже која е најчесто исплатената плата, која реално е далеку под тие 500 евра. Просекот на исплатената плата вештачки се крева од страна на помал број на луѓе чии плати се енормно високи, и затоа реперот треба да биде платата која најчесто се исплатува на пазарот на труд.
Воедно тие 500 евра плата најмногу ги троши инфлацијата, струјата која СДСМ ја поскапи, зејтинот, бензините, лебот, млекото.
Тие 500 евра плата на Ковачевски се доволни само во паралелниот свет на власта каде тече мед и млеко, има тендери и добра заработка на политичарите кои како голтари влегоа во политиката а сега се милионери. А во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
