ВМРО-ДПМНЕ: Државата се задолжи 82 милиони евра, наместо првично предвидените 67 милиони

Зоран Заев и Нина Ангеловска ја задолжуваат државата без основ. Вчера наместо првично предвидените 67 милиони евра, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра или 15 милиони повеќе.
На што и како ќе се трошат тие дополнителни 15 милиони евра е нејасно, исто како што е нејасно каде завршуваат и другите пари од задолжувањето. Иако нивото на јавниот долг секојдневно се зголемува, државата нема мрднато од мртва точка. Нема инвестиции, нема проекти.
Рапидното задолжување пред избори индицира само на изборна корупција која што власта веќе ја прави.
Милионите кои сега ги земаат ќе треба да ги платат граѓаните по 5,10 или 20 години, а со нив не се прават работи кои имаат додадена вредност за државата, напротив се трошат бесцелно.
Откако СДСМ е на власт јавниот долг изнесува 5.4 милијарди евра. Ова е спротивно на сите ветувања кои ги даваа дека нивото на јавен долг ќе го намалат. Јавниот долг не се намалува, туку се зголемува.
Расипничкото трошење на парите на граѓаните море да запре. По 12 април ќе следи детална ревизија на сите позајмени и потрошени пари. Никој не смее да си игра со парите на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
