ВМРО-ДПМНЕ: Додека економијата тоне, здравството колабира, земјоделството умира, Заевци се богатат
Амнестираниот Заев повторно покажа дека се плаши од предлогот да прифати забрана за политичка активност на амнестирани политичари, зошто надежта за спас за криминалите му е амнестија. Ама Заев ќе одговара и нема да избегне одговорноста и овој пат. Заев е свесен и затоа е уплашен.
Заев не кажа ништо за долгот на СДСМ од 2,5 милиони денари. Не кажа ништо за предлогот за испитување на имот за политичари зошто како најбогато политичко семејство стравот им е голем.
Затоа Заев соочен со малиот рејтинг во Битола и во цела Македонија, Зоран Заев наместо со граѓаните организира настани на кои присуствуваат раководството на партијата и најпослушното партиско членство.
Со патетики, популизам, лаги и манипулации се обидува реалноста да ја прикаже розова, иако граѓаните од ден во ден живеат се потешко и посиромашно. Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може да се прикажува како чесен. Не напротив. Залудни му се истите лажни ветувања кои ги дава во Битола за чист воздух, поддршка на земјоделците, враќање на младите. Имаше три години власт и не само што не направи нешто, туку состојбите ги доведе до загрижувачки размери.
Розовите очила на Заев не може да ги сокријат криминалот, корупцијата кои владеат во Македонија денес. Додека манипулира со гол популизам, куферите со милиони се шетаат со амин на власта и никој не знае во чии џебови од функционерите на СДСМ завршуваат. Додека економијата тоне, здравството колабира, земјоделството умира, Заевци се богатат со нови и нови милиони.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти