-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да си поднесе итна и неотповиклива оставка
-->
Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција.Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема никакво право да биде министер за надворешни работи. Никола Димитров треба да си поднесе итна и неотповиклива оставка.
Никола Димитров нема легитимитет да ја претставува државата во странство. Никола Димитров работи на штета на државниот и националните интереси.
Доколку СДСМ смета дека Никола Димитров ужива поддршка кај граѓаните, нека распише веднаш предвремени парламентарни избори и нека излезе со ветување дека истиот ќе биде министер за надворешни работи и тогаш ќе го добие одговорот од граѓаните дали тие се согласуваат со дораспродавање на она што останало.
Нека излезе СДСМ предвремени парламентарни избори со Никола Димитров и нека бара поддршка за промената на името која ја направија.
Граѓаните не ги поддржуваат недржавните политики на Димитров и СДСМ, а тоа СДСМ ќе го види на предвремените парламентарни избори, доколку има храброст да ги распише.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
