-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на митингот на СДСМ
-->
Граѓаните му свртеа грб на Заев и Пендаровски. Пендаровски и Заев мораа да носат полупразни автобуси од цела Република Македонија за да го пополнат колку толку просторот пред бината од која ги лажеа дојдените активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по централниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Граѓаните не излегоа на митингот на СДСМ, туку само мал број партиски активисти. Митингот на СДСМ денес е најголем дебакл на оваа партија и доказ дека граѓаните се против антидржавните политики, против криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, деградираното образование и здравство.
И покрај сите притисоци закани и уцени граѓаните одлучија да не излезат на митингот и да не дадат поддршка за антидржавните и криминални политики на власта.
Слабата посетеност на митингот во Скопје е знак дека Заев си заминува.
Вчерашниот грандиозен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и денешниот слаб митинг на Зоран Заев се доказ дека СДСМ губи во недела. Зоран Заев и Стево Пендаровски денес добија јасна порака од граѓаните во недела Пендаровски губи и од тоа нема назад, реаираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
