ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Таравари
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари, а стручните лица веднаш да кажат од каква болест починаа пациентите од Гостиварско.

Според партијата, состојбата е алармантна и загрижувачка. Граѓаните мора да знаат како да се заштитат.
- За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечки животи на возраст од 47 и 23 години. Зошто веќе неколку дена се молчи дека се шири смртоносна болест низ државата и зошто се молчеше дека починале две лица како резултат на тоа. Според нашите информации во животна опасност се уште шест лица кои се во моментов на Инфективната клиника, истакна на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Изминатиот период, нагласи, постојано укажувавме на неспособноста на Владата на Заев, но за жал дојде до најлошото. Изминатите неколку дена починатите две лица биле третирани крајно несериозно и воопшто не биле преземени никакви мерки од надлежните во здравството.
- Неспособноста, непосветеноста и негрижата на Владата на Заев одземаа два човечки живота. Од засега наши извори се работи за сериозна заразна болест од вирусен причинител која премногу брзо се шири меѓу луѓето и е смртно опасна, рече Стојаноска.
Според неа, не биле преземени карантински мерки и веќе починатите воопшто не биле третирани во карантин. - Постојат сериозни индиции болеста да е раширена и меѓу луѓето со кои биле во контакт, како и здравствениот персонал кој работи во гостиварската болница и на скопската клиника. Според нашите информации, причината за немањето дијагноза е тоа што нема реагенс во Институтот за јавно здравје. За ова, директна одговорност носи министерот Таравари, рече Стојаноска.
Таравари, дополни Стојаноска, наместо да прави ПР стратегии и хаштази, треба да се фати за работа и да не дозволи ширење на болеста. - Наместо да одржуваше средби со амбасадори, Таравари требаше да биде меѓу граѓаните и да се соочи со нивните реални проблеми. Најмалку што може да направи во моментов е да поднесе оставка заедно со целиот тим, рече Стојаноска.
Ново на Сител
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
