ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да постапи за ангажманот на фирмата која врши надзор на патиштата
Три дена изнесува сомнежи за местење на тендер во висина од 22 милиони евра за надзор врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, три дена медиуми изнесуваат информации, а ЈО молчи, и токму затоа е ниска довербата во правосудството, зошто истото има потреба со денови да чека кога станува збор за сомнежи за криминал во власта.
Имаме две ситуации, кои индицираат на нерегуларности при изборот на шпанската фирма ЕПТИСА за надзорот вреден 22 милиони евра, само тие се доволни за ЈО да отвори постапка, а тоа се:
1. Владата на 30.09.2020 година носи Одлука со која им препорачува на сите институции да не склучуваат договори со ЕПТИСА, затоа што истата работела несоодветно, незаконски и неетички, на железничката пруга Куманово - Бељаковце, една година подоцна Министерството за транспорт и врски носи Потврда со која и издава дозвола ЕПТИСА да може да врши надзор за истите работи за кои веќе еднаш на владина седница е констатирано дека истата работела незаконски, неетички и несоодветно.
ЈО мора да истражи, зошто ЕПТИСА првин била санкционирана, за по една година да добие повторно дозвола? Што се крие зад магично брзото помилување?
2. Власта во тек на јавниот повик за избор на надзор, го менува огласот во два дела, првин го продолжува рокот за поднесување пријави, но и го брише условот само фирми со позитивни биланси од последните 3 години да можат да учествуваат на истиот. Со оваа одлука власта дозволува фирми загубари да се јават и добијат тендер вреден 22 милиони евра. Таква фирма загубар е и ЕПТИСА, која во билансите од 2019, 2020 и 2021 година прикажува милионско загуби.
Поради итноста на постапката, имајќи во предвид дека отпочнувањето на работата на автопатите треба да започне брзо, го повикуваме ЈО да не чека и итно да отвори постапка која ќе го расветли случајот.
Ненавремена реакција на ЈО може да значи штета по државата подоцна во процесот, таа штета ќе оди на вина на ЈО, затоа потребна е итна реакција.
Очекуваме ЈО да отвори истрага и да побара од судот времено запирање на постапката се до крајно расветлување на процесот.
Ново на Сител
-

Англија ја победи Франција за третото место со 6:4
-

Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
