-->
-->
Влезници за дербиот Вардар - Шкендија само со лична карта, но без гостински навивачи
-->
Дерби натпреварот од 27.коло Првата македонска фудбалска лига меѓу шампионот и лидер Вардар и второ пласираната тетовска Шкендија ќе се игра во недела од 16 часот на арена „Филип Втори“, а дуелот е прогласен за меч од висок ризик.
Претставници на клубовите вчера имаа состанок со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) околу претстојниот меч на кој беше решено да нема гостински навивачи, а влезниците останатите ќе ги кубуваат исклучиво со лична карта.
Во пресрет на дуелот кој може директно да решава за шампионската титула, од ФК Вардар се огласија со соопштение кои ви го пренесуваме во целост:
„Во договор на двата клуба, Вардар и Шкендија заедно со Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи на состанокот во пресрет на овој меч, одлучено е да нема гостински навивачи на Националната арена „Филип Втори“.
ФК Вардар апелира навивачите на Шкендија самоиницијативно да не доаѓаат на стадионот. ФК Вардар ќе ги преземе сите мерки и ќе ги следи сите одредби и правни рамки пропишани со Законот за спречување на насилство и недолично однесување, сѐ со цел да го организира натпреварот на највисоко ниво.
За таа цел, билетите за овој натпревар ќе се продаваат само со документ за лична идентификација (лична карта).
Билетарницата на стадионот на денот на натпреварот (17.04.2016) ќе биде отворена во 10:00 часот наутро и ќе с е затвори во 15.45 часот, односно петнаесет минути пред почетокот на натпреварот. Билетите ќе чинат 100 денари и ќе се продаваат само за Јужната трибина. Останатите три трибини се во фаза на реновирање.
ФК Вардар ги повикува сите свои навивачи и симпатизери за фер и коректно навивање, за достоинствено однесување на трибините, со цел да се избегнат сите евентуални казни кои би следеле за неспортско однесување’’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено