Властите на нордиски држави соопштија за зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа
Властите на нордиски држави објавија дека регистрирале зголемено ниво на радиоактивност во северна Европа овој месец, а холандските власти соопштија дека изворот може да биде на западниот дел на Русија.
Руската агенција ТАСС ја пренесе изјавата на портпаролот на државната нуклеарна корпорација Росенергоатом, кој рече дека двете нуклеарни централи на северозападниот дел на Русија не пријавиле никакви проблеми.
Електраните Ленинград и Кола, едната во близина на Санкт Петербург и другата кај Мурманск, „функционираат нормално, а нивото на радијација е во предвидените граници“.
Норвешките, шведските и финските тела задолжени за следење радијација и нуклеарна безбедност соопштија дека регистрирале мали количини радиоактивни изотопи безопасни за луѓето и околината во делови на Финска, јужна Скандинавија и Арктикот.
Шведската агенција за радијациска безбедност соопшти дека „не е можно да се потврди што е причината за зголеменото ниво“ на радиоактивноста, ниту од каде потекнуваат облаците што содржат изотопи.
Ново на Сител
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
