Преглед на вестите од светот
Соединетите држави ја паузираат операцијата Проект на слободата насочена кон извелкување на трговските бродови кои се заглавени во Перисискиот Залив и не можат да поминат низ Ормутскиот теснец поради иранската блокада. Операцијата старуваше во понеделникот.Паузата ке трае кратко време за да се види дали „може да се финализира мировен договор со Иран соопшти Трамп.
Американскиот претседател во објава на Truth Social“ наведе дека одлуката е донесена „врз основа на барањето на Пакистан и други земји, огромниот воен успех што го имавме за време на кампањата против државата Иран и, дополнително, фактот дека е постигнат голем напредок кон Целосен и Конечен договор со претставниците на Иран“. Сепак тој додаде дека американската поморска блокада на иранските пристаништа ке остане во полна сила и ефект. Речиси истовремено со објавата на Трамп, Техеран информаше дека планира да ја зајакне контролата врз Ормутскиот теснец преку нов систем за одобрување на пловилата што транзитираат низ водениот пат.
Највисокиот ирански дипломат Арагчи е на разговори во Пекинг, неколку дена пред најавената посета на Трамп во Кина.ОД таму порача дека Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен договор“ во преговорите со САД за прекин на војната на Блискиот Исток, но не ја коментираше одлуката на Тамп за паиза на прокетот на Слободата. Државниот секретар на САД Рубио изарзи надеж дека Пекинг ќе изврши притисок врз Техеран да ги прекине активнсотите во теснецот.
- Се надевам дека Кинезите ќе му кажат што треба да му се каже. А тоа е дека она што го правите во теснецот предизвикува ваша глобална изолација. Вие сте негативците во ова. Не треба да разнесувате бродови и да ја држите глобалната економија како заложник“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Рубио откри и дека Трамп пред неколку дена испраил писмо до Конгресот, во кое ги прогласил борбиет притив Иран за завршени.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русија го прекршила прекинот на огнот што го воведе Киев почнувајќи од полноќ синоќа, додавајќи дека Украина ќе одговори со иста мера. „По денешните нападив врз нашите градови и заедници – руската армија продолжи со активни непријателства. Изборот на Русија е јасен, да го отфрли прекинот на огнот и да спаси животи“, рече Зеленски. Вчера Украина предложи но Русија не изјави дали прифака примирије со неопредлеенот време почнувајки од 6 мај.
Претходно руското Министерство за одбрана еднострано прогласи „примирје“ за 8 и 9 мај и предупреди дека доколку парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај биде „нарушена“, ќе започне масовен ракетен напад врз центарот на Киев,
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
