Владата и Собранието почнаа да го користат новото име
Владата и Собранието веќе почнаа да го користат новото име Република Севрена Македонија во комуникацијата со медиумите.
По вчерашното стапување во сила на Договорот со Грција и на новото уставно име, се очекува тоа да го направат и останатите државни институции.
Меѓуресорската работна група формирана од Владата за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе одлуки во врска со потребните мерки и активности со временски рокови за нивна реализација.
Согласно одлуките, како што соопшти Владата на Северна Република Македонија, Царинската управа треба да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница и на двата аеродроми в во рок од три дена, Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од седум дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции, а Генералниот секретаријат во рок од седум дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, треба да се заврши во рок од четири месеци.
Сите институции треба да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од три дена. Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од две недели, а Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во Министерството, како и печатите и штембилите во рок од две недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од три недели.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал