-->
-->
Владата ги повика Израелците и Палестинците да го прифатат планот на Трамп за решавање на долготрајниот конфликт
-->
Република Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Трамп, рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско – палестинскиот конфликт, соопшти владината прес-служба.
- Статус квото не е одржливо, изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток. Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој моментум и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување на решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт, се вели во соопштението од Владата.
Македонија, како што се наведува, се залага за постигнување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ