Владата денеска ќе одржи седница

Владата на Република Македонија денеска, 16.11.2021 година (вторник), ќе ја одржи 119-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, на дневен ред покрај повеќе предлог-закони за изменување и дополнување на законите кои се однесуваат на подобрување на социјалната заштита, заштита на децата е и Информацијата за текот и прогресот на спроведувањето на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и млади, базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).
За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
