Влада: Парите од четвртиот пакет ќе им бидат исплатени на граѓаните кои не ги добија поради блокирани сметки

Парите од еднократната финансиска помош од 6.000 денари за ранливите категории граѓани на кои не им беше исплатена поради блокирани сметки и неажурирани податоци до 25 декември 2020 ќе биде исплатена откако Собранието ќе се изјасни за законската измена. Ова за МИА го потврдуваат од Владата на Република Македонија.
-Владата достави до Собранието измена на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани со која се продолжува рокот на ажурирање на податоците во банките каде што имаат сметки до 31 март 2021. Законската измена ги покрива и граѓаните со блокирани сметки на кои не им беше направена исплата. Очекувањата беа дека процесот ќе заврши минатиот месец, појаснуваат од Владата.
Со измените ќе се овозможи на околу 22 илјади граѓани, кои не успеаја да ги ажурираат податоците за банкарските сметки тоа да го сторат во определен рок за да може да се изврши исплатата на помошта од по 6.000 денари. Од Владата додаваат дека парите ќе ги добијат и 2132-ца граѓани чии приговори беа прифатени.
-Владата на Република Македонија прави се’ парите да стигнат до сите за кои се наменети. Токму затоа беа отстранети сите административни процедури. На седницата одржана на 29.12.2020 донесе и одлуката за дополнување на Одлуката за отворање посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, наведуваат од Владата.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
-

„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа
-

Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ
