-->
-->
Влада на РМ:Одбивањето на алатката за транспареност од претседателот Иванов е несериозен пристап
-->

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја упати оваа иницијатива до институцијата Претседател на Република Македонија со цел да им се овозможи на граѓаните едноставен пристап до база на податоци кадешто ќе имаат увид во вкупните трошоци на избраните функционери и целите заради коишто се направени истите.
Согласно одлуката на Владата на Република Македонија трошоците на избраните функционери се објавуваат на секои шест месеци и во тек е прибирање на податоците за периодот од декември 2017 заклучно со мај 2018.
Заложбата на Владата на Република Македонија за целосна транспарентност, отчетност и одговорност на носителите на јавни функции ќе придонесе тие вистински да работат во служба на граѓаните и ќе помогне во справувањето со корупцијата и останатите неправилности во работењето на институциите.
Изразуваме жалење што Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов не ја разбира важноста на оваа иницијатива и не покажува разбирање за потребата на граѓаните од транспарентно и отчетно работење на државните институции вклучувајќи ја институцијата Претседател на Република Македонија.
Сектор за односи со јавноста Влада на Република Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен