Влада на РМ: Голем ден за Македонија

„Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на денешната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.
Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог.
Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина.
Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес. Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел.
Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија! Силно „Да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина“ се вели во соопштението на Владата на РМ.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
