Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Коцевски, ова го посочи, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која објави дека за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица.
Со ова, за пожарот во кој животот го загубија 59 лица, меѓу кои шест деца, вкупниот број на осомничени е 34 физички лица, откако вчера ОЈО отвор истражна постапка против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничен
- Ова е само почеток на истрагата и престои обемна истражна постапка во рамки на која ќе треба да се приберат голем број докази и ќе се преземат истражи дејствија. Ветив дека истрагата ќе биде брза и ефикасна и со тоа апелирам до сите да бидат воздржани и смирени и со тоа да им се даде простор на истражните органи квалитетно да ја завршат истрагата, изјави Коцевски.
Прашан дали во истрагата е констатирано дека во објектот се продавале и наркотични супстанци, Коцевски, рече дека во овој момент не може дадава детали.
Во однос на висината на давање и примање поткуп, Коцевски рече дека, тоа ќе биде дел од истражната постапка.
Прашан дали веќе се обезбедени сведоци или соработник на правдата, Коцевски, рече засега и повика сите што имаат евентуално докази да пријават до ОЈО.
- Засега соработник на правдата во овој стадиум на постапката немаме. Меѓутоа апелирам до сите граѓани доколку имаат евентуално некакви докази или биле очевидци на настанот, може да се пријават во Јавното обвинителство и да дадат исказ, изјави Коцевски.
ОЈО Кочани, претходно денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност. Сите се обезбедени и ОЈО Кочани бара притвор, со исклучок на три лица кои се хоспитализирани
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави