Вјоса Османи: Косово се залага за мир и стабилност, Србија го дестабилизира регионот
Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека нејзината земја се залага за мир и стабионост, додека Србија го прави спротивното и го дестабилизира регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Османи во изјава за агенцијата КосоваПрес, побара од меѓународниот фактор да изврши притисок врз Белград „за да сфати дека мирот и стабилноста се во интерес на сите”.
– Целта на Косово секогаш била постигнување конечен договор (со Србија) со меѓусебно признавање во неговиот центар и ние се залагаме во тој правец. Дотолку повеќе, нашите заложби се за мир и стабилност, додека заложбите на Србија се спротивни. Затоа се надеваме дека што е можно повеќе нашите партнери ќе извршат притисок врз Србија, земјата која го дестабилизира нашиот регион, за да сфати дека мирот и стабилноста се во интерес на сите, изјави Османи.
Таа потврди дека постои француско-германкси драфт за продолжување на преговорите меѓу Косово и Србија, но вели дека во јавноста „има дезинформации за тоа што бараат партнерите”.
Османи ги отфрли наводите во одредени медиуми дека „прифаќањето на тој драфт-предлог ја враќа земјата десет години назад во преговорите за конечен договор” и тврди дека такво нешто никој не предложил.
– Никој не предложил да се чека за договор десет години, така што има разни инсинуации, дезинформации во врска со тоа што бараат нашите партнери од нас, изјави Османи, додавајќи дека Косово ја цени улогата на меѓународните партнери за интензивирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
