„Визија, тренинг, технологија во наредните 20 години“ – конференција на работната група на конзорциумот на НАТО/ПзМ

„Визија, тренинг, технологија во наредните 20 години“ е насловена конференцијата на работната група на конзорциумот на НАТО/ПзМ за напредно далечинско учење што овие три дена се одржува во Скопје, во организација на Воената академија и Министерството за одбрана.
Во оваа работна група нашата земја учествува од минатата година кога е поканета преку ДИП програмата, спонзорирана од НАТО, информираше Митко Богданоски, продекан на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
Целта е, нагласи тој, да се споделат искуствата, затоа што генерално, како што појасни, сите се базираме на слични платформи, меѓутоа начинот на кои се користат можеби некогаш не е соодветен или не се искористуваат во целост.
– Меѓудругото целта е и да се споделат искуства за тоа како најсоодветно да ги искористиме и методологиите односно пристапот на искористување на овие и-платформи, изјави Богданоски.
Посочи дека Воената академија во целост ги запазува инструкциите што ги добива од НАТО бидејќи има неколку проекти со кои има дополнителна едукација со нивниот кадар. Богданоски истакна дека за оваа програма имаат голема поддршка од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде има многу инвестирано во овој сегмент и, како што рече, се меѓу најдобрите во регионот во однос на искористување на ваквите и – платформи.
Грета Керемидчиева од Бугарија, раководител на работната група на конзорциумот на НАТО/ПзМ подвлече дека се работи за организација која ги поврзува воените академии и Институтите за безбедносни студии. Работната група одржува работилницаи два пати годишно, на пролет и есен, кога експерти од повеќе од 20 земји во полето на технологиите, односно и – технологиите, споделуваат искуства и добри практики. Според неа, на овие работилници се разговара како на најдобар начин да се споделуваат новите технологии во образовниот систем на воените академии и Институтите за безбедносни студии.
Пол Туркетле претстаник од НАТО во работната група, кој првпат е во земјава, посочувајќи дека Северна Македонија ќе стане членка на НАТО во блиска иднина, подвлече дека се работи за учење, за споделување искуствата меѓу земјите, технологии кои ќе им помогнат на сите да се движат напред.
– Она што го правите во Северна Македонија е навистина за поздравување. Треба да учиме едни од други, а во многу случаи ние учиме од вас затоа што вие експриментирате и пробувате нови нешта, кои не сме во можност да ги правиме во НАТО, изјави Туркетле.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
