„Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ за Билјана Цветановска-Гугоска
Амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Ернесто Масимино Белели во италијанската амбасада во Скопје на Билјана Цветановска-Гугоска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа и го врачи признанието “Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката, за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, соопштија денеска од Министерството за локална самоуправа.
По тој повод амбасадорот Белели истакнал дека е особено задоволен што честа да биде прогласена за „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ и припаднала на државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска-Гугоска.
- Како амбасадор на Италија, со Цветановска-Гугоска успешно соработувам подолго време и благодарение на таа соработка еден важен проект меѓу Република Италија и Република Македонија наскоро ќе биде финализиран, рекол амбасадорот Белели.
Зедничката работа на програмите за соработка и развој меѓу двете држави, додал тој, резултира и со посебна кредитна линија од Италија за Македонија наменета за малите и средни претпријатија, со што Цветановска-Гугоска придонела не само за работата на Министерството, туку и за развојот на државата.
Признанието го доделува Претседателот на Италија на предлог на Министерот за надворешни работи.
- Овој чин за мене претставува голема чест затоа што доаѓа од Република Италија, земја која на Република Македонија и дава континуирана поддршка во процесот на интегрирање во Европската Унија, истакнала по добивањето на признанието Цветановска-Гугоска.
Цветановска-Гугоска му се заблагодарила на амбасадорот Белели за соработката и за подршката.
- Особено е задоволството кога работите, се залагате, а некој тоа ќе го препознае и вреднува, рекла Билјана Цветаноска-Гугоска која изразила и уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина во интерес на двете земји и на нивните граѓани.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд