-->
-->
Висока излезеност во Ранковце, до 15 часот 44,64 отсто
-->

Излезеноста до 15:00 часот во Општина Ранковце изнесува високи 44,64 отсто, а изборниот процес тече мирно и се одвива непречено, информира претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски.
По пресекот направен од страна на ОИК и обработените податоци од вкупно 13 избирачки места, до 15 часот своето право на глас го искористиле 1.303 граѓани од вкупно 2921 запишани во единствениот избирачки список.
На овие локални избори, осми по ред од осамостојувањето на државата, во вториот круг се гласа за градоначалници во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
