-->
-->
„Висенте Калдерон“ домаќин на финалето на шпанскиот куп
-->

Финалето на шпанскиот фудбалски куп ќе се изигра 27 мај на стадионот „Висенте Калдерон“ во Мадрид, одлучи Фудбалската федерација на Шпанија.
За трофејот ќе се борат екипите на Барселона и Алавес, но федерацијата не ги исполни желбите на финалистите.
Барселона сакаше финалето да се игра во Мадрид, но на „Сантијаго Бернабеу“, опција која беше отфрлена од Флорентино Перез претседателот на Реал Мадрид.
Од друга страна, Алавес бараше домаќин на завршниот дуел од Кралскиот куп да биде стадионот на Атлетико Билбао „Сан Мамеш“.
Финалето на купот ќе биде последниот голем фудбалски настан на „Калдерон“, бидејќи на крајот на оваа сезона стадионот ќе биде урнат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
