Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

Градските власти информираат дека поради изведување комплексни градежни активности в сабота и в недела на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќен режим.
– В сабота поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Мавровка кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон Мавровка (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.
За време на привремениот сообраќаен режим ќе има пренасочување на сите автобуски линии кои поминуваат на овој потег.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
