Викендов многу студено, од понеделник промена на времето - подготевете се!
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 7, Маврово 4, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 8, Берово 6, Дојран 12…
Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.
Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.
Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
