Македонија
2. November 2017 - 13:10

Весникот „Нова Македонија“ од своите почетоци па се до денес

29 октомври 1944 година е датумот кога за прв пат од печат излезе првото издание на првиот и најстариот весник во Македонија насловен „Нова Македонија“. Основан е со решение на Президиумот на АСНОМ а за негов прв главен уредник бил назначен Васил Ивановски.  Во доста примитивни услови во Горно Врановци, велешко со машината Тигалка се печатело страница по страница. Весникот кој се на се имал точно  8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Со излегувањето на овој весник ставени се корените на современото македонско новинарство.

Освен што е прв весник, „Нова Македонија“ е и симбол на Народноослободителната борба во тој период. Првичната замисла била весникот да се печати во селото Цветово, во кое во еден момент и се наоѓала печатарската машина но, по промената на одлуката машината „тигелка“ била демонтирана и пренесена во селото Горно Врановци, по што била сместена во старата селска воденица.

Со цел да се зачува споменот за првата народна печатница, направена е реставрација на истата која денес претставува музеј отворена за посетители. По ослободувањето на Скопје, по налог машината била пренесе во Битола а од таму во Скопје во печатницата Гоце Делчев.

Од своите почетоци па се до денес зачувана е 73-годишната традиција. За сите овие години постоење и покрај сите предизвици, промени, турбулентни години и периоди весникот  успеал да го задржи својот континуитет на печатење и излегување. Весникот излегов дури и на 27 јуни 1963 година ден по скопскиот земјотрес. Низ својата историја одржувал и редовни и повремени дописништва отсекаде во светот а редовни соработници биле нобеловци и многу истакната писатели.  По турбулентните транзициски години, обновената „Нова Македонија“, со нова управувачка структура, нов редакциски колегиум и нов формат, почна да излегува на 30 април 2008 година.

Првиот број на „Нова Македонија“ бил лекториран лично од Блаже Конески. Првата македонска азбука е објавена во тробројот од 1,2,3 мај 1944 година а во тој период весникот претставувал и учебник од кој децата учеле во првите повоени училишта. Нова Македонија е прв и главен иницијатор за формирање на Ману.

Архивата на „Нова македонија“ денес е најголемиот и единствен сведок на најзначајните настани за македонската државност. Денес сите испечатени изданија се сочувани, а можат да се погледнат во Универзитетската библиотека во Скопје.

Вообичаено во минатиот век денот се започнуваше со шолја утриско кафе и дневен весник во рацете. Само така можеше да се дознаваат најновите вести од земјава и странство.

Денес модерата технологија го смени начинот на информирање. Можеби е вистинска реткост во денешно време да се почуствува мирисот на весникот кој само што изглегол од печатница но тоа не значи дека се изгуби квалитето на најстариот дневен весник во нашата држава.