Весели:Нема промена на граници, но би сакал Прешево и Медвеѓа да бидат наши
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави синоќа дека „нема можност за промена на границите во регионот“, но дека „најмногу би сакал кога на Косово би им припаднале Прешево и Медвеѓа, ако Србија се согласи за тоа“.
Воп изјава за ТВ Т7 зборуваше за можноста за размена на територии меѓу Косово и Србија. Тој рече дека Косово би го земало Прешево, ако прифати Србија, но Приштина нема што да и даде на Србија.
- Ништо повеќе не би сакал отколку Прешево и Медвеѓа да му се придружат на Косово. Ние ќе прифатиме билатерален договор, ако прифати Србија, но немаме што да и дадеме. Отворањето на границите на Балканот, отсекогаш значело војна, тоа е она што сакам да go кажам и јас сум директен - не постои каква било друга можност за промена на границите, истакна Весели во емисијата Пресинг на ТВ T7.
Тој рече дека Косово е отворено Прешевската долина да стане дел од земјата.
Весели истакна дека на ниту еден состанок со меѓународни официјални лица, никогаш не била спомната можноста за размена на територии.
- Оваа работа никогаш не се спомнуваше. Тоа го велам со целосна потврда, изјави Весели за ТВ Т7.
Ново на Сител
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово