-->
-->
Венецуела го протера највисокиот американски дипломат во земјата
-->
Венецуела го протера највисокиот американски дипломат во земјата, јавуваат светските агенции.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во телевизиско обраќање им даде рок од 48 часа на привремениот вршител на должност американски Амбасадор Тод Робинсон, и на неговиот заменик Брајан Наранхо да ја напуштат земјата.
Тој го презема овој чекор еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови санкции против Венецуела по реизборот на Мадуро на изборите во неделата.
Од тогаш, тензијата меѓу Вашингтон и Каракас се интензивираше. Според САД, изборите во Венецуела не биле демократски.
Двете земји немаат амбасадори една во друга од 2010 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости