Венчавка од пеколот: Младоженец им рече на гостите да ги превртат чиниите, а потоа откри горка вистина за невестата
Венчавката требаше да биде најубавиот момент во животот на една вљубена двојка. Тогаш, барем според традицијата се колнат на вечна љубов и верност и потоа впловуваат во мирните брачни води.
Но некој решил токму на денот на венчавката да ја истресе сета валкана облека на сопружникот, и тогаш работите добиваат сосема поинаков тек.
Од друга страна, ако сте на местото на невестата која додека била верена за својот избраник спиела со осум момчиња, а потоа мртва ладна си ги повикала на венчавка, не можете да кажете дека сте целосно изненадени кога работите ќе ескалираат токму на венчавката.
Целата приказна ја раскажа сведок на венчавката, и тоа пред огромен аудиториум, во емисијата „The Graham Norton Show“.
Приказната се случила во Велика Британија, а момчето по име Шон ги изнесе сите валкани детали.
-Младоженецот стан и им рече на сите да станат. Сватовите станаа, а потоа им рече да ги свртат своите чинии. „Ако на чинијата имате црвена точка, продолжете да стоите, рече младоженецот“.
По овој пресврт, осум момчиња останаа да стојат, раскажува Шон во емисијата.
Сите мислеле дека во прашање е игра, но потоа следуваше објаснување од младоженецот.
-Дами и господа, ова се мажите кои спиеја со мојата жена додека бевме верени. Овој момент одам да побарам поништување на бракот, рече младоженецот и си излезе.
Погледнете го делот од емисијата:
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден