Велика Британија вработува дополнителни 1.900 агенти
Велика Британија дополнително ќе вработи 1.900 агенти во безбедносните и разузнавачките служби, со цел да се спротивстави на опасноста од терористички напади по крвавите настани во Париз.
Ваквиот потег е најголем пораст на ангажирањата во британската безбедносна служба од бомбашките напади во Лондон во 2005 година, кога беа убиени десетици луѓе. Мерките денеска официјално ќе ги објави британскиот премиер Дејвид Камерон.
- Одлучен сум да ангажирам ресурси кои ни се потребни во борба против терористичките закани, бидејќи заштитата на британскиот народ е моја најголема должност како примиер, истакна Камерон.
Покрај зголемувањето на бројот на агентите во британските безбедносни служби, на аеродромите ширум светот ќе бидат ангажирани дополнителен број офицери за безбедност во авијацијата, како одговор на уривањето на рускиот авион во Египет минатиот месец, бидејќи британската Влада се сомнева дека во леталото била поставена бомба.
Ново на Сител
-
Заев ја прифати оставката, Мицкоски бара затворски казни за злоупотреби
-
Мицкоски добил закани дека ќе биде обезглавен - Дали пасошите се сеуште важечки?
-
Петтиот пакет економски мерки се придвижува низ парламентот
-
Ќе помогнат ли странски експерти во Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија?
-
Доаѓаат 20.000 вакцини од Фајзер, Македонија на европското дно според вакцинацијата
-
Мицкоски побара да им се вратат парите на граѓаните кои се лекувале во приватните болници
-
Кочани врие – Физички пресметки, закани, оружје и тепање деца
-
Проект кај Холидеј Ин - Дали нуди хумани услови за домување?