Велика Британија е подготвена да одговори на руските кибер напади
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска ќе ја предупреди Русија да престане со кибер нападите кои се закана за британската државна безбедност, „за да не се соочи со сличен одговор од Велика Британија“.
Џонсон е првиот британски министер за надворешни работи кој оди во посета на Русија во последните пет години.
Тој планира на руските функционери да им пренесе дека Велика Британија нема никакви лоши намери на интернет, но оти има технички можности да се бори против кибер шпионажа, јави Би-Би-СИ.
Неговата посета доаѓа по обвинувањата од минатиот месец кои ги изнесе премиерката Тереза Меј дека Русија се обидува „да ги поткопа слободните општества“. Меј во ноември предупреди на ризиците од руската „континуирана кампања на кибер шпионажа и пречки“.
Нејзините критики ги повтори Киран Мартин, извршниот директор на Државниот центар за кибер безбедност, кој рече дека Русија „се обидува да го поткопа меѓународниот систем“.
На денешниот состанок во Москва, Џонсон на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да му порача дека Велика Британија не го прифаќа руското „непријателско“ однесување.
Пред првата посета, Џонсон изјави дека односите меѓу Велика Британија и Русија „долго време не биле толку лоши“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата