Велигденски хепенинг на Плоштадот во Ресен
Традиционално на Велики четврток по шести пат на Плоштадот во Ресен денеска ќе се одржи Велигденски хепенинг во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ и Општина Ресен.
Уметнички дела изработени од членовите на ликовната секција при Домот на културата ќе бидат подарувани на посетителите. На плоштадот ќе настапат хоровите „Преспански ѕвончиња“, битолските „Ѕвончиња“, „Мелодиум“ и дел од учениците во средното музичко училиште во Битола.
Во рамките на Велигденската културна понуда во општина Ресен утре премиерно ќе биде изведена претставата „Реонска болница“, од членовите на драмската секција при Домот на културата „Драги Тозија“, во режија и изработена сценографија на Васко Василевски и Ане Милошевска. В сабота ќе биде одржан Музички рецитал, на кој ќе настапат околу 20-тина членови од школата по пијано во Ресен, а велигденскиот културен блок ќе заврши со претставата „Чолак“ на Драмскиот театар од Скопје.
По повод велигденските празници изминативе денови беа организирани низа културни активности меѓу кои концерт на руското културно уметничко друштво „Славјанка“, беше отворена првата самостојна изложба на ресенчанката Белгин Зекирија насловена „The first“.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
