Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против граѓанинот П.М. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лажно пријавување на кривично дело“, предвидено и казниво по член 366 од Кривичниот законик. П.М. на 23.09.2025 во СВР Велес на записник за примање на пријава, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од ПС за БПС Велес за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ при вршење на работи од сообраќајната безбедност. Пријавените полициски службеници своето постапување го снимиле со мобилниот систем за снимање со камери, со што е утврдено дека П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако при поднесување на пријавата бил предупреден за последиците за лажно пријавување. П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако бил свесен и како директен учесник во настанот знаел дека полициските службеници не го сториле кривичното дело, со што погрешно и злонамерно предизвикал интервенција на органите на прогонот кон полициските службеници.
Со наведеното пријавениот ги загрозил личните слободи и права, како и честа и угледот на полициските службеници кои ги пријавил, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
