Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити

Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечер во Париз со почеток во 20 часот.
Името на победникот сè уште строго се чува во тајност и е познато само на едно лице. Имено, по минатогодишната церемонија, беше активирано правилото победникот да не биде известен пред самото објавување, а главниот уредник на Франс Фудбал, Винсент Гарсија, рече дека тој е единствениот човек кој го знае победникот.
Што се однесува до списокот на кандидати, на него има 30 имиња, но двајца се издвојуваат како фаворити. Усман Дембеле (ПСЖ) и Ламин Јамал (ФК Барселона), а се чини дека францускиот ас кој ја освои тројната круна со ПСЖ минатата сезона сè уште има мала предност.
Сепак, има и такви кои веруваат дека младиот Јамал ќе ја добие наградата за најдобар играч во светот врз основа на неговите одлични настапи во дресот на Барселона, како и во шпанската селекција.
Престижниот трофеј ќе се доделува врз основа на перформансите во текот на сезоната, наместо по календарска година како што беше случај претходно.
На церемонијата во театарот „Шателе“ во Париз ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и најдобар млад фудбалер.
Инаку, Златната топка се доделува од 1956 година, а Меси ја освоил наградата рекордни осум пати, додека Кристијано Роналдо бил најдобар пет пати.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
