Ватикан: Сега џабе ви е целото оружје
– Ватикан смета дека пандемијата на коронавирусот може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да ја гарантираат безбедноста
Затоа, според Ватикан, средствата треба да бидат пренасочени за подобрување на здравствената заштита и борбата против сиромаштијата.
– Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа не поттикнува да прашаме колку огромните воени трошоци навистина можат да ја гарантираат безбедноста на населението и колку овие ресурси можат да се искористат за други цели, изјави државниот секретар на Ватикан кардинал Пјетро Паролин на вебинар за разоружување, организиран од Канцеларијата за развој на Ватикан и Универзитетот СОАС во Лондон.
Паролин ги наведе здравството, социјалната еднаквост и искоренувањето на сиромаштијата како можни области кон кои може да се пренасочат две милијарди долари годишно, колку што, според учесниците на собирот, даночните обврзници ширум светот трошат на воени активности.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
