Васиљевиќ: Вучиќ два дена беше на апарати и се чуствува подобро
Советничката на српскиот претседател за медиуми, Сузана Васиљевиќ синоќа за ТВ Пинк изјави дека Александар Вучиќ поминал два дена на апарати, но дека е малку подобро.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа додаде дека се надева дека Србија ќе ја надминеме „оваа, скоро па трагедија“.
– Тој беше толку лошо што самиот побара да го однесат во болница, изјави Васиљевиќ, додавајќи дека се надева оти Вучиќ ќе почне малку повеќе да ги слуша лекарите и да зема терапија.
Таа се осврна и на коментарите за здравјето на Вучиќ.
– Не знам што се случило проади што ова општество стана толку страшно. Поголем дел од јавноста беа вистински загрижени. Претседателот доби голем број пораки од светските претставници, од Макрон, албанскиот премиер, Борут Пахор, Додик, истакна Васиљевиќ.
Српскиот претседател Вучиќ во петокот попладне беше примен на ВМА поради кардиоваскулрани проблеми, а во саботата порача дека ќе биде во „целосен работен погон“ почнувајќи од понеделник.
Министер за здравство, Златибор Лончар вчера изјави дека српскиот претседател има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите и дека по приемот на ВМА е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден